Дали е загрозен македонскиот јазик?

Секој ден се соочуваме со борбата за зачување на нашето име не земајќи го в предвид фактот дека секој ден малку по малку ја губиме битката со зачување на јазикот. УНЕСКО објавува дека на секои две недели изумира по еден јазик. Дали истото се случува и со нашиот јазик? Во трката со животот и трендовите ги забораваме вредностите. Забораават дека сржта на еден народ е во неговиот говор?

Но што се случува со медиумите? Вистина е дека јазикот во медиумите е оптоварен со сложеност, бидејќи мора да ја следи динамиката на времето, а со тоа се менува и динамиката на развојот на јазикот во сите сфери.

Ако тргнеме од медиумите како најмасовно распространети и највлијателни врз јавното мислење, би требало да се води сметка на изразувањето. Но од желба за што посензационален наслов во весниците или ударните вести, тие ја забораваат својата улога на новинар и уредник. Уредници кои дозволуваат да се испечати се, новинари или водители кои од желба да станат препознатливи за јавноста, не водат сметка за начинот на кој што се изразуваат. Медиумите прикажуваат вести полни со туѓи зборови, интернационализми кои се употребуваат како да се македонски зборови и жаргони, зборови за кои сметаат дека се повпечатливи и поинтересни за гледачите. Со тоа се наметнува трендот на користење на такви зборови како правилни, со што следува губење на вистинскиот македонски јазик. Сепак, во првиот момент кога ќе ја одбереш професијата новинар треба да знаеш дека треба многу добро да го познаваш литературниот јазик (неговата граматика, правопис и лексика). Секако дека треба да се има слобода на говор и изразување, но се на свое место и време. Без оглед на тоа дали зборуваме за печатени или телевизиски медиуми, ситуацијата е иста.

Во ред, секое време си носи специфичен начин на изразување и употреба на конретни зборови, и секако, секој жив јазик е подложен на промени. Јазикот постојано се развива, се збогатува и неговите промени доаѓаат природно. Но промените што ги носи времето не смеат да го нарушуваат системот на македонскиот јазик.

Веќе никој не е сигурен, ниту пак се сеќава на правлилата од учебниците.

Ова е местото каде можете да го споделите своето мислење, да наведете примери и предлози на оваа тема.

Повелете …

За коментари, забелешки, пофалби и критики пишете ни на: jazikotvomediumite@gmail.com

април 15, 2010 Posted Under: Предлози   Read More